Јајцето, солта и киселото млеко убаво измешајте ги со маталка.

Измешајте ја содата со брашното и додадете го со мешање во садот.

На крај додадете го и киселото млеко и маслото и измесете убаво тесто.

Откако кратко ќе одмори, расучете го тестото што потенко на работната површина и изрендајте насекаде кашкавал во количина по ваша желба.

Завиткајте ја кората во цврст ролат и сечете парчиња малку накосо со дебелина од околу 1 см.

Секое парче расучете го тенко со сукалото.

Пржете ги на малку масло во тефлонска или нелеплива тава и одложете ги врз салфетка да се впие вишокот мрснотија.

• Препорака е пржењето да е на малку масло и по потреба пред да се стават нови да се додава по малку.
• Иако е пржено тесто, кашкавалките воопшто не се мрсни и не впиваат мрснотија, а кашкавалот не излегува во пржењето.
• Најубави за јадење се топли, иако и ладни се добри.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови