25
дек
2012
Пржени банани
Еден брз и вкусен рецепт во овие ладни зимски денови. Од брашното, јајцата, пецивото правиме тесто, со вилушка мешаме, доколку е густо додаваме вода/млеко.
Бананите се лупат и се сечат на две/три парчиња. Се валкаат во тестото и се пржат во загреано масло додека добијат златно жолта боја. На крај врз нив може да се ставиме мед или чоколаден прелив. Најмногу одговараат со ванила сладолед. Наместо банани може истото и со ананас. Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови