Го сакате циметот? Јас го обожавам. Особено во комбинација со јаболка. Затоа оваа торта/колач ми е во топ 3.

Прво пуштете ја рерната да се загрева на 170 степени, а вие преминете на подготовка на овој вкусен десерт.

1. Излупете, исчистете и исечете ги јаболките. Намрсете ја тавата (јас користев бр.28) и наредете ги јаболките во круг.
2. Подгответе го преливот така што путерот ќе го растопите, па откако ќе се растопи полека додавајте го шеќерот потоа и циметот. Оставете на страна да се излади.
3. Во поголем сад добро измешајте ги следните состојки брашно,шеќер, сода бикарбона, прашок за пециво,сол и цимет. Потоа во нив додадете млеко, ванила, масло и јајца. Добро измешајте со миксер на средна брзина.
4. Изладениот путер прелијте го врз наредените јаболки, но притоа внимавајте да не се изместат. Потоа врз путерот внимателно истурете го тестото.
5. Се пече во загреана рерна околу 30-40мин. Откако ќе се испече,се вади од рерна и се остава да се излади околу 10тина минути. Потоа тортата се превртува врз поголема чинија, соодветна на големината на тортата.

Совет
Внимавајте премногу да не го измешате тестото, доволни се триесетина секунди за добро да го измешате со миксерот.
За појачување на вкусот, јас додадов и 1/4 мала лажичка кари.
Преливот што го користев јас може да се замени со карамел, ама бидејќи сеуште го немам усовршено, не сакав да ризикувам.
И секако дека јаболките можат да се заменат со било кое овошје.

Највкусно е кога се служи топло или на собна температура.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани