Ги чистиме вишните од семките и ги потопуваме со румот.
Оставаме да отстојат околу 4-5 часа
Калапите обложете ги со чоколадо стопено на пареа со малку масло.
Нека се стврднат во ладилник.
Додадете на вишните шербет од слатко и промешајте убаво.
Полнете ги калапчињата со смесата, но оставете простор за затварање со чоколада.
Не ги полнете скроз до горе калапчињата со вишните.
Нека излади оваа смеса вака, па потоа дополнете ги со растопеното чоколадо. Декорирајте со украсни бисери.
Служете ладничко, има поубав вкус.

Забелешка
Белото чоколадо ми испаѓа некако полабаво од темното чоколадо. Затоа по можност поминете ги еднаш калапите, па ставете да се зацврстат, па пак уште еднаш обложете ги со чоколада да се зајакне кората на пралината. Во мојот случај пралините протекоа на некој крај каде имаше тенок слој на чоколадо.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови