Многу лесни и вкусни пралини со бело чоколадо, кои овој пат ги правев за крштевката на едно малечко бебенце.
Најпрво го топиме чоколадото со неколку лажици масло на пареа, па го полниме силиконското калапче до половина и го ставаме во фрижидер да се стврдне чоколадата. Откако ќе се стврдне ставаме од желираното овошје и од горе повторно полниме растопено бело чоколадо. Потоа го ставаме калапчето повторно во фрижидер ( јас го ставам во комора за побрзо )
Ваквата комбинација од бело чоколадо со овошјето е превкусна.
Откако се готови, ги вадиме од калапчето внимателно и декорираме.
Јас декорирав со цветови од фондан, кои дома сама си ги направив и исто домашна изработка се и панделчињата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови