Обожавам да подготвувам ситни колачи.
Па уште кога се и празнични, тоа е вистинско уживање

Во касерола на многу тивок оган ги ставаме да се соединат чоколадото, млекото, шеќерот и путерот.
Нека провријаат 1-2 минути, па тргаме од оган.
Го додаваме ликерот.
Промешуваме.
Ги мелиме наполитанките и лешниците и ги додаваме во малку подизладената смеса.
Промешуваме и оставаме на ладно да се стегни.
Формираме бомбици и цветчиња
Ги декорираме по сопствен избор, кај мене се со чоколадо.

Комбинацијата на состојките е топ.
Пробајте ги!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани