Празнични кифлички
Подготовка
1. Растворете го квасецот со малку млако млеко, додајте малку брашно и нека стаса.
2. Во садот во кој ќе месите ставете го брашното и измешајте го со солта и шеќерот. Во него додадете го веке стасаниот квасец.
3. Јајцата малку со вилушка сматете ги и додајте ги во млакото млеко, додадте ја стопената маст или зејтин, оцетот. Замесете го тестото со оваа смеса и оставете да стаса, да го удвои обемот.
4. Поделете го тестото на 5 еднакви дела, расукајте потенка округла кора, исечете на 4 дела и секоја 1/4 на три еднакви дела - значи ќе добиете 12 триаголника.
5. Секој триаголник премачкајте го со филот од измешаниот маргарин со урдата, замотајте кифла. Се така додека не потрошите тестото.
6. Премачкајте ги кифлите со сматено јајце во кое ставете малку зејтин, посипете ги со семе кое сте го избрале, измешано со сол или можете да ги посипете и само со малку крупна сол во која сте ставиле само ким, одлични се и така.
7. Печете ги на 200 степени околу 15 мин.
Забелешка
- Овие кифли ми се по рецепт од стар мајстор, кој секогаш велеше дека секое кисело тесто е подобро ако се меси со маст. И јас сега истото го кажувам, тоа што тие се перфектно меки се должи токму на маста.
- Крупната сол ако ја посипете врз кифличките, а таа да е измешана само со ким, фантазија на вкус овие кифли. Но, тоа останува вие да си изберете.
- Да не заборавам да кажам и ова, не мора да го подмесувате квасецот доколку не сакате, успешни се секогаш ако го растворите квасецот и во целот млеко и натаму се како што е напишано, замесете тестото.
- Можете да го поделите млекото, односно да измешате и кисело и пресно млеко, успешни и така...
- Не сум погрешно напишала што се однесува до квасецот, да не ве чуди, така треба да е, не е страшно, додека го месите тестото ќе осетите на раката, ќе ви се чини дека додека месите тоа стасува.
Ви посакувам успешна работа...
Лиценца: Сите права се задржани
Jas pogolemi gi napraviv zaradi nedostatok na vreme. Fala ti Lile, preubavi!