Потпечени маринара макарони со пиво
Малку полесна варијанта на тестенини. Доколку не употребите кашкавал добивате и посен оброк.
Место пиво може да употребите бело вино или вода, по избор.
1. За сосот ситно исецкајте ги кромидот и лукчето и ставете ги во сад со малку масло да се пржат, да застаклат и убаво да омекнат. Пелатите исецкајте ги па додадете ги во садот со кромидот. Малку нека издинстаат, па потоа додадете ја и течноста и пивото. Зачинете си по вкус со зачините, но не доавајте сол. Оставете нека крчка на тивко 20тина мин, да испари алкохолот и малку да се згусне. На крај додадете го пармезанот, промешајте, па ако има потреба досолете си.
2. Макароните сварете ги според упатството на пакувањето во посолена вода.
Прецедете ги и додадете ги во готовиот сос.
3. Садот во кој ќе печете намрсете го со путер или масло и ставете ги макароните. Од горе ставете парченца путер или малку масло. Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 220С. Околу 20тина мин, малку да се залепат и да се впие течноста. Потоа наредете го изренданиот кашкавал и вратете уште 10тина мин да се потпече.
Оставете кратко да се изладат па послужете.
Пријатен апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани