Посно расолче со свежа зелка
1. Свежата зелка се сечка на покрупно и се става во повисока тава или тенџере (пекач).
2. Морковите се рендаат, се ставаат во зелката, се посолува, се става масло и се промешува. Се тура вода до половина од зајрето и се става во загреана рерна на 200 степени.
3. Штом зелката ќе омекне, се дотура жешка вода да го покрие зеленчукот, се враќа во рерна да се пече околу 20 минути.
4. Потоа се става измиениот ориз, црн пипер и малку лимонтус, се меша и пак се пече со повремено мешање како не би се залепил оризот на дното.
5. Кога оризот ќе навари, се става доматното пире, и зависно колку е киселкаст вкусот се додава ако треба уште малку лимонтус.
6. На крај се прави запршка со малку масло, 1 лажица брашно и 1 лажица црвен пипер, се тура во зелката, се измешува убаво и се допекува.
Забелешка
Овој ручек го правам секогаш кога немам сторена зелка, зашто свежата зелка ја има секогаш. Не е задолжително да се прави во рерна, на ист начин се прави и на рингла во подлабоко тенџере.
Наместо доматно пире може да се стават домати, а исто така може да си ставите и мевце ако сакате да е мрсничко. Кога се прави со сторена зелка не се става лимонтус и сол.
Лиценца: Сите права се задржани
Благодарам Катерина :)