Свежа зелка со телешко месо
- Зелката исчистете од надворешните листови и здробете ја.
- Кромидот или празот, морковот исецкајте ги, ставете во садот во кој ќе го спремате ручекот на маслото да се пропржи заедно со кимот. Кога ќе омекнат, додадете го месото, нека продолжи да се пржи заедно околу 10 мин. односно додека се згусти сафтот кој ќе се направи при динстањето. Додадете ја зелката, ловорот, нека се динста повремено подлевајки го со вода. После десетина минути додадете ја сецканата пиперка и нека продолжи да се динста. Кога ќе омекне зелката, додадете го ситно сецканиот компир, мелениот бибер, сувиот зеленчук, буковецот, малку црвен пипер, доматот. Доколку нема доволно вода додадете и се заедно нека вари. На самиот крај додадете го лукот и магдоносот.
Подзаборавен ручек, но секогаш добредојден.
Ова можете да го приготвувате и без месо, може да во него додадете ориз наместо компир - секако е добро.
Не мора да биде телешко месото доколку одлучите да го приготвувате ручекот со месо може свинско, може пилешко... варијации многу.
Лиценца: Сите права се задржани