Еве во ек на Петровденскиве пости едно убаво посно десертче, за кое не е потребно ни многу време за подготовка, ниту пак многу состојки. Полно ми беше срцето кога ги слушав клинциве како викаат по мене-мама дај уште едно- и тоа е доволен доказ дека се превкусни и се топат во уста. Подготовката е следна

Рерната вклучете ја на 190 степени да се загрева.
1. Во сад за матење ставете го маргаринот, кој претходно стоел на собна температура. Пенесто изматете го со шеќерот.
2 . Настрана во друг сад на оган растопете 115 гр чоколадо и кога е малку подоладено ( но не стегнато) додајте го во изматениот маргарин. Додајте и рум и постепено додавајте го и брашното. Матете со миксер додека не се изедначи смесата.
3. Целата смеса ставете ја во готварски шприц и формирајте ги колачите. Врз секое колаче по желба ставете јатка од орев и печете на 190 степени 10-13 мин
4. Оставете малку да се изладат испечените колачиња а во меѓувреме растопете го преостанатото чоколадо со малки масло. Краевите на секое колаче потопете ги во растопеното чоколадо. Наредете ги колачињата врз алуминиумска фолија и оставете да се изладат и стегнат.
Послужете ги со убаво црно кафе или чај. На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови