Посни брзи колачиња

Состојки
- за тесто за колачите
 - 200 гр маргарин
 - 50 гр шеќер во прав
 - 2 големи лажици рум
 - 200 гр пченично брашно тип 400
 - 50 гр пченкарно брашно
 - 115 гр темно посно чоколадо
 - за глазура
 - 115 гр посно чоколадо за готвење
 - 1-2 големи лажици масло
 
Подготовка
Еве во ек на Петровденскиве пости едно убаво посно десертче, за кое не е потребно ни многу време за подготовка, ниту пак многу состојки. Полно ми беше срцето кога ги слушав клинциве како викаат по мене-мама дај уште едно- и тоа е доволен доказ дека се превкусни и се топат во уста. Подготовката е следна
Рерната вклучете ја на 190 степени да се загрева.
 1. Во сад за матење ставете го маргаринот, кој претходно стоел на собна температура. Пенесто изматете го со шеќерот.
 2 . Настрана во друг сад на оган растопете 115 гр чоколадо и кога е малку подоладено ( но не стегнато) додајте го во изматениот маргарин. Додајте и рум и постепено додавајте го и брашното. Матете со миксер додека не се изедначи смесата.
 3. Целата смеса ставете ја во готварски шприц и формирајте ги колачите. Врз секое колаче по желба ставете јатка од орев и печете на 190 степени 10-13 мин
 4. Оставете малку да се изладат испечените колачиња а во меѓувреме растопете го преостанатото чоколадо со малки масло. Краевите на секое колаче потопете ги во растопеното чоколадо. Наредете ги колачињата врз алуминиумска фолија и оставете да се изладат и стегнат.
 Послужете ги со убаво црно кафе или чај. На здравје