За мене ова е совршена комбинација на состојки.
Уживав во консумирањето на баклавава.
Топло ви ја препорачувам да ја подготвите за претстојните празници.

Во касерола на тивок оган се ставаат да се соединат маслото, маргаринот (односно путерот за мрсна варијанта) и посното чоколадо.
Сега во касерола се ставаат шеќерот, водата и лимонот.
Се вари шербет кој треба да проврие 3-4 минути.
Се остава на ладно потполно да се излади.
Во тава се намастува дното со малку масло.
Се става кора, па со четка се премачкува со соединетите маргарин, масло, чоколадо.
Се расфрла лешник, кој е соединет со 2 лажици гриз.
Повторно се става кора, се премачкува, се расфрла лешник.
Постапката е иста до истрошување на состојките.
Наредената баклава се сече на парчиња по желба.
Се премачкува со остатокот на маснотија.
Се печи околу 45 минути на 170 степени.
Внимавајте поради бојата, значи е темна од чоколадото, да не биде препечена.
Врелата баклава се прелева со ладниот шербет.
Се остав да преноќи, корите да го впијаат шербетот и се послужува.
Декорираме со малку мелен фстак.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани