Чоко лешник баклава (посно)
Состојки
- 500гр тенки кори
- Шербет
- 500гр шеќер
- 550мл вода
- 3 кругчиња лимон
- За премачкување
- 125гр маргарин (путер)
- 125мл масло
- 150гр чоколадо за готвење
- Полнење
- 300-350гр печени мелени лешници
- 2 големи лажици гриз
- За декорација
- 50гр мелени фстаци
Подготовка
За мене ова е совршена комбинација на состојки. Уживав во консумирањето на баклавава. Топло ви ја препорачувам да ја подготвите за претстојните празници.
Во касерола на тивок оган се ставаат да се соединат маслото, маргаринот (односно путерот за мрсна варијанта) и чоколадото.
Оставаме на страна.
Во друга касерола ги ставаме водата и шеќерот за шербет. Нека се вари на тивко 3-4 минути.
Во сад ги соединуваме лешниците со гризот.
Правоаголна тава премачкувае со масло, ставаме кора и со помош на четче премачкуваме од смесата со чоколадо. Наросуваме лешници со гриз, повторно ставаме кора, ја премачкуваме, наросуваме лешници со гриз...се' додека има матерјал.
Сечеме на парчиња и печеме во загреана рерна на 170 степени околу 45 минути.
Жешката баклава се прелева со ладен шербет и оставаме преку ноќ да впие.ПРед послужување наросуваме со мелени ф'стаци.