Посна торта со вишни
Шеќерот, водата, брашното, мармаладот, какаото и содата ги мешаме заедно, додека не добиеме хомогена смеса, па ја ставаме во тепсија бр.30 и ја оставаме така 10 минути, па ја печеме во загреана рерна на 180 степени околу 20-на минути.
Во меѓувреме го подготвуваме филот, го правиме пудингот со вода, и го оставаме да се олади. Испечената торта исто така ја оставаме да се олади.
Вишните од компотот ( јас имав компот, а може и замрзнати, кој какви има) хех
Ги чистиме од коските и ги полеваме со рум па така ги оставаме да стојат околу 30-минути.
Откако ќе олади панишпанот го сечеме на половина, па го ставаме пудингот, па потоа вишните и ја ставаме другата половина. Тортата од горе ја поливаме со растопена чоколада
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
милена ајде одам напрај си ја, ако имаш дома компот, еххех