Посна пита со печурки (без масло)
1. Од состојките за тесто замесете меко нелепливо тесто и оставете на топло да стасува.
2. За филот во тава на оган ставете го ситно сецканиот кромид со малку сол да се пржи. Ако почне да лепи додадете малку вода. Кога ќе омекне додадете го протиснатото лукче, промешајте и додадете ги печурките исечени на листови. Мешајте на тивко додека печурките пуштат течност и не омекнат. Зачинете си по вкус. Кога ќе испари течноста тргнете од оган.
3. Стасаното тесто размесете го на набрашнета работна маса и поделете го на 3 дела (2 еднакви и 1 помал). Калапот во кој ќе печете набрашнете го убаво (печев во калап бр. 24). Развлечете кори од 3 топчиња. Ставете една поголема доле, премачкајте со премазот и наредете пола од филот, па ставете ја помалата коричка и повторно премачкајте и додадете го остатокот од филот. На крај ставете ја и третата кора, направете витка, ако сакате пресечете на парчиња и премачкајте ја со остатокот од премазот. Оставете повторно на топло да нарасне (околу 30мин.) Ставете да се пече во загреана рерна. Послужете топло.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани