Боранијата во мојот дом е присутна повремено, а посебно вака подготвена во посни денови. Можеби сите не ја обожаваат, но позната е нејзината нутритивна вредност.

Подготовка:
1. Во тенџере се става ситно исечканиот кромид, морковите (исечкани на кругови), малку сол, масло и вода. Се пржи да испари течноста, па се става исчистената боранија. Пржењето нека трае додека да омекне боранијата.
2. Се става сувиот зачин и црниот пипер, се пржи да се спојат зачините, се додава брашното и црвениот пипер пржејќи интензивно да не загорат.
3. По некоја минута се ставаат доматите (изрендани), се крчка уште малку и постепено се додава млака вода до саканата густина на манџата.
4. Се вари на тивко додека убаво се свари боранијата.

Забелешка -
* користев замрзната боранија, но ако се користи обарена или
конзервирана, тогаш вкупното време за подготовка ќе биде
помало.
* секако, боранијата може да се подготви и со месо по ваш избор.

(531)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани