25
мар
2012
Посна баклава со чоколадо
Се зема една кора се попрскува со масло, се ставаат ореви, се ренда чоколадо низ целата кора, потоа одгоре над кората се става уште една кора. Така двете кори заедно се виткаат на тенко сукало. Откако ке се свитка целата кора, се набира на сукалото и се редат во плехот. Постапката ја повторуваме со сите кори. Се печи баклавата, а во мегувреме го приготвуваме шербетот. Од кога баклавата ќе се излади, се потура со жежок шербет и се превртува од двете страни за убаво да се впие шербетот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови