Посен обланда ролат
На почеток да кажам дека обландата треба да се омекне со влажна крпа за да може да се витка.
Во сад на оган нека се растопи ванилата, кокосовото млеко и шеќерот.
До дадете маргарин, житарки и кокос па промешајте.
Тргнете на страна.
Ставете да се вари пудинг од чоколада со вода.
Кога ќе се згусне, се меша заедно со претходно подготвеното.
Откако добивте хомогена смеса, премачкајте ја омекнатата обланда.
Мачкајте рамномерно, па полека виткајте со помошна најлонска фолија.
Откако добро ја завиткавте, завртете ги краевите на фолијата и ставете во ладилник.
Нека постои, па сечете на парчиња.
Добивте полно суви посни колачи,кои ќе ви послужат како посен десерт.
Нека е на здравје
Забелешка
Сечете ги полузамрзнати, за да добиете убава форма на колачето.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови