Еден убав рецепт.
Во касерола се налева виното.
Се пуштаат ѕвездите анис.
Се додава шеќерот и циметот и се остава да повари 5 минути на тивко.
Бананата се сецка на тркалца и се додава во садот.
Се остава уште 5минути да повари, со затворено капаче.
Се вари на тивко.
Откако поминаа 5 минути, се зема и со лажица се полнат чашките до половина
Во кацеролата налеваме 200 мл вода и додаваме 2 лажици шеќер,а потоа го истураме пакетчето тортенгуст.
Ако немате тортенгуст, ставете нишесте и сварете го.
Дополнете ги чашките со готовиот тортенгуст ,вметнувајќи по една звезда анис во чашките.
Декорирајте со свежи пачиња банана.

Забелешка
Ова е послужено на овој начин затоа што намената е за посен десерт.
Инаку можете да сервирате со топче сладолед.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови