
10
мај
2014
Двобоен посен гриз колач
Овој рецепт ми го даде мојата колешка Жаки уште за време на постите. Го направив и навстина сите го бендисаа. Фала Жаки.
1. Се става во тенџере водата и шеќерот да зоврие и да се стопи. Се додава маслото и гризот и се вари додека се згусни(3мин).
Се трга настрана и се дели смесата на два дела.
Во едниот дел се става кокосот, а во другиот дел се става какаото и мелените или сечканите ореви.
Во сад се сипа дел од белата смеса, па кафената, па повторно бела смеса. Се сипа по важа желба за декорација.
Се остава да олади и се сечи. Пријатно!!!
Лиценца: Сите права се задржани