Полски палачинки од компир и спанаќ
1. Компирите се лупат, се рендаат (на крупната страна од рендето). Се ставаат во цедалка и убаво се мијат со вода. Потоа се оставаат 20-тина минути да се цедат.
2. Главицата кромид се ренда или се сецка многу ситно и се додава во компирите.
2. Откако ќе отстојат се притискаат со рацете за да се исцеди целата вода и се ставаат во подлабок сад.
3. Спанаќот се полева со врела вода и откако ќе омекне се цеди и се додава во садот со компирите.
4. Во садот се додаваат и 1 јајце, брашното и зачините и се заедно убаво се меша. Не очекувајте смесата да биде течна или соединета бидејќи во неа доминираат ренданите компири.
5. Од смесата се зема мала количина и со рацете се формира топче кое се притиска и полека се става во тава со врело масло. Доколку е потребно со вилушка или со лажица може да се поправи за да добие убава форма.
6. Палачинките се пржат додека не добијат убава боја.
* Во тавата треба да има околу 1/2 см масло да за можат убаво да се испржат, но не треба да бидат целосно покриени.
* Може да се сервираат со павлака или мајонез.
Лиценца: Сите права се задржани