Ми остана тофу сирење, кое решив да го спремам како полпети, односно ќофтиња. Ги избрав овие состојки, кои дадоа супер резултат. Ни се допаднаа на сите.

Подготовка:

1. Во длабок сад со вилушка испасирајте го тофу сирењето. Тиквичката, морковот и младиот кромид изблендирајте ги ситно. Додајте ги во садот со тофу сирењето. Додајте го сецканиот магдонос, сусамот, маслото, лебните трошки, сол и бибер. Убаво измешајте. Постепено, по потреба, додавајте соја млеко.
Додавајте додека добиете смеса погодна за обликување на ќофтињата.

2. Земајте од смесата и оформете ги полпетите. Свалкајте ги во малку лебни трошки. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и попрскајте ги со маслиново масло. Печете на 200 степени додека фатат кора(околу 25 -30 минути, зависно од рерната).

3. Сос - Во сад измешајте ги мајонезот, ѓумбирот и соја сосот. Послужете ги полпетите со сосот.

*Забелешка - За подготовка на сосот не мора да се придржувате на наведените дози. Можете да си го направите по ваш вкус, со повеќе или помалку ѓумбир и соја сос. Вкусни се и кога се послужуваат ладни. Од ова доза ми излегоа 18 полпети.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани