Прво на измиените парчиња стек им ги одстрануваме жиличките доколку ги има.
Сега преку најлонска фолија го чукаме месото со чук за месо малку да го рашириме.
Го премачкуваме со бибер, сол, сенф
Моцарелата ја сечеме на 6 парчиња.
Во секое парче стек ставаме по 3 парчиња моцарела.
Затвораме со чепкалки.
Постапката е иста и со другото парче стек.
Ги ставаме во тајнир и ги покриваме со прозирна фолија да одстојат 30 минути во фрижидер.
Во нутрибулет ги ставаме лебот, кашкавалот, босилекот, сол и бибер.
Соединуваме да добиеме зрнеста структура.
Парчето стек прво го валкаме во брашно, па изматено јајце, па мешавината која ја подготвивме.
(Јас само едното парче го извлакав во лебните трошки со босилек, а другото во презла само ...и згрешив, ароматизираниот леб со босилек и кашкавалот го направија своето. Совршен спој беше)
Во касерола на умерен оган загреваме масло и мало парченце путер.
Внимателно пржиме одприлика по 5 минути од двете страни.
Ги ставаме врз хартија, да се впие вишокот маснотија и сервираме со прилог по желба.
Криво мие што не го сликав парчето стек, што би рекла Дани додека моцарелата се МКНЕШЕ.
Ова во дополнителните слики е после изедени неколку залаци ......еее па не може гладен човек на се да мисли и да јади и да слика хахахахах.
Во секој случај топла препорака од мене, да го приготвите овој ручек

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани