23
јун
2014
Полнети Слезинки
Слезинките се налаваат со вода колку да се покријат, се посолуваат и се стават да се варат околу 30 минути на средна температура. Во меѓувреме кашкавалот и саламата се сецкаат на коцки. Се вадат слезинките од водата и се засекуваат во средината да бидат отворени, се полнат со салама и кашкавал и потоа се зацврстуваат со готварски конец. Маслото се загрева и слезенките се пржат по 1 минута од двете страни.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови