Малку поинакви полнети пиперки
  
- Пиперката бабура поголема или рогати пошироки пиперки измијте, исечете на пола, малку посолете и ставете ги во плекче послано со хартија за печење но свртени со отворот надоле. Ставете во рерна нека се потпекуваат колку да омекнат и да им истече водата што ја имаат.
- Излупениот компир исецкајте го на коцки, исецкајте и пиперката.Ставете на маслиното масло да се пржат заедно додека омекнат - нема потреба од целосно пржење. Со лажица решетка извадете ги и оставете да олади.
- На ренде изрендајте ја моцарелата (може и друго сирење кое се топи) додајте го лукчето ситно сецкано или и него го изрендајте, додајте во изладените пржени компир и пиперка. Измешајте. На вкус осолете, додајте бибер,а можете и сув зеленчук.
- Омекнатите половинки од пиперки свртете ги со отворот нагоре, полнете со спреманиот фил оставајки место и за јајцето. Земете најмали јајца и ставете во секое гнездо кое сте го оформиле со филот. Од осатокот од маслото во кое се пржеа компирот и пиперката лесно со лажица залијте врз јајцето, вратете назад во рерната да се испечи јајцето - околу 15 мин. а доколку сакате да биде поживо - тогаш намалете времето на печење.
Сервирајте со прилог од салати.
Напомена
- Бидејки јас немав помали јајца,секое јајце го кршев посебно од кое во друг сад одделував од белката за да ја намалам количината, па дури тогаш го ставав во пиперката. За да не ми остане белката, наполнив дополнително уште една пиперка, белката ја истурив во филот и така ја наполнив, значи фалеше само жолчката.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани