Полнети лепчиња со урда и кашкавал
1. Во брашното го додаваме млекото, зејтинот, солта, шеќерот, квасецот и белката од јајцето (жолчката ќе ја оставиме за премачкување). Замесуваме тесто, го покриваме со крпа и го оставме да го дуплира својот волумен.
2. Тестото се размесува и се дели на 4 дела.
3. Секој дел се расукува во кора( дијаметар 26 сантиметри), се става на средината од урдата, рендан кашкавал и малку оригано. Се собира како бовчичка и се расукува со сукалото внимателно , (не со многу притискање) во лепче со дијаметар 26 сантиметри. Лепчињата ги вртиме на другата страна.
4. Секое лепче се боцка со вилушка на неколку места, се премачкува со жолчка во која е додадено 1 лажица зејтин.
5. Се вклучува рерната на 200 степени и додека да се загрее, лепчињата стасуваат(околу 5 минути ).
6. Се печат околу 20 минути.
Послужете со кисело млеко или јогурт и така добивате целосен млечен појадок.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови