Полнети лепчиња со кашкавал и компири
Овие лепчиња се едни од највкусните нешта кои излегле од мојата кујна. Немам збор да опишам колку се вкусни, примамливи, мирисни. Не се воопшто тешки за правење, не содржат квасец, нема потреба од чекање и нарастување на тесто итн. Се печат на рингла во тава за пржење, нема потреба да вклучувате рерна.
Подготовка:
1. Прво сварете 2 компири. Излупете ги и истолчете ги како пире. Во смесата додадете 3 лажици мајонез. Измешајте.
2. Измешајте ги состојките за тесто, со лажица и потоа замесете со рака. По потреба додадете малку брашно, кај мене имаше потреба од уште половина лажица. Оформете топка, покријте со најлонска фолија и ставете го кратко во замрзнувачот, околу 15 минути. Кашкавалот изрендајте го.
3. Потоа тестото поделете го на 2 топчиња. Расукајте ја едната кора во големина околу 30 цм. Наредете во средината (оставајќи околу 5 цм од работ) кашкавал, па од пирето од компир и одозгора ставете уште малку кашкавал. Затворете ги краевите како на сликата, нежно притиснете и потоа со помош на сукало, повторно исукајте го лепчето во големина на тавата во која ќе печите. Јас користев Делимано тава за палачинки 25 цм.
4. Премачкајте ја тавата со путер и ставете го лепчето да се печи, околу 7 минути, од едната страна на средна температура, потоа премачкајте ја горната страна со малку путер и превртете го од другата страна, да се испечи. Лепчето треба да биде крцкаво, затоа не се плашете и ако го испечете малку повеќе, само внимавајте да не ви загори. Додека се печи првото лепче, припремете го и второто.
Лепчето се служи топло, а и ладно е превкусно на мое големо изненадување.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Patem go sretnav prisvoen receptov na edna strana, bez naveden avtor.