Полнети запечени палачинки
Прекрасни и различни крепи кои ќе ги обожавате. Палачинките може да си ги направите според ваш рецепт или може да користите купени палачинки (кои јас не ги сакам ама ич). Потребни се 10 палачинки за овој рецепт. За побрза подготовка на палачинките, користете паралелно 2 тавчиња.
Подготовка
Откако ќе ги направите палачинките, секоја се полни со мешавина од изварка, кашкавал и чадено месо или шунка. Можете да го прилагодите полнењето според вашиот вкус, јас го направив моето според намирниците што ми беа достапни во моментот.
Ставете од смесата на средина од секоја палачинка, замотајте и затворете ги краевите.
Потоа секоја палачинка потопете ја во јајце, а потоа во презла.
Наредете ги во нелеплива тава, јас користев нелеплива тава Делимано коперлукс од 24 см.
Откако ќе се наредат сите палачинки, нанесете сосема малку масло одозгора, па прелејте ги со кремот за готвење и рендан кашкавал (кашкавалот може да се додаде и пред да се извадат од печење).
Ставете ги во рерна да се пече на 250 Ц степени само да се запечат.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови