Погача од кифлина
Најпрво зафатете ги квасците и оставете ги да надојдат. Кога ќе стасаат измешајте ги со брашното, јајцата, солта и додавајте го млекото постепено. Убаво измесете го тестото и оставете го пак да надојди. Кога убаво ќе нарасни тестото уште еднаш измесете го и поделете го на 6 пупалина. Секое пупале се сучи и се премачкува со маргарин. Пупалината се редат едно врз друго. Од маргаринот оставете малку за да ставите врз погачата. Кога ќе се наредат сите пупалина се сучат во една кора и таа кора се сечи на 21 лента. Секое делче се филова со сирење и се витка во кифле. Кога ќе ги направите сите кифлина се сечат на половина и се редат во намрсен калап. Погачата ако сакате да ви биди повисока редете ја во тенџере, но можи и во тавче. Еден ред наредив во тенџерето и уште некое кифле ми остана и ги ставив на средината од погачата. Оставете ја пак да надојди погача и пред да ја ставите да се пече намачкајте ја со јацето, наросете сусам и ставете по малку маргарин. Печете ја првите 15 минути на 210 степени, а потоа намалете на 180 степени и печете уште 20 минути и уште 10 минути печете на 150 степени. Оставете ја убаво да се излади и потоа извадете ја од калапот во кој се печела. Послужете со чаша јогуртче одлична комбинација се!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови