23
мај
2014
Плетеница
Квасецот го зафаќаме и го оставаме да надојди. Кога ќе стаса го додаваме брашното, јајцето, солта, маслото и постепено го додаваме и млекото. Убаво месиме да добиеме помеко тесто и оставаме тестото да надојди. Потоа пак го размесуваме и тестото го делиме на 6 парчиња. Од секое парче се сучи кора се сечат ленти од двете страни, но не до крај(значи средината да остани цела).
Се филоваат и лентите ги преклопуваме една над една и се оставаат пак да надојдат.
Пред да ги ставиме да се печат ги премачкуваме со жолчка. Ги печиме на 190 степени околу 30 мин.
На здравје!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови