Оваа торта ја направив со убав повод, односно за роденденот на мојот животен сопатник, мојата сродна душа, најдобриот сопруг и татко.

Подготовка

1. Подготовка на пандишпанот -  Во длабок сад ги миксираме белките со постепено додавање на шеќерот до згуснување. Потоа ги додаваме останатите наведени состојки (претходно соединети), мешаме внимателно. Во голем плех од рерната (38х34), ставаме хартија за печење, се истура смесата и се пече на 180 степени. Јас печев 20 минути. Испечениот пандишпан нека олади, па го сечеме на 2 дела.
2. Подготовка на филот -  Ги ставаме во сад на пареа 600 мл од млекото и шеќерот, нека зоврие. Настрана во длабок сад ги миксираме до хомогенизирање жолчките, прашокот за пудинг и преостанатите 200 мл млеко. Ова се додава кај зовриеното млеко и вариме до згуснување, со постојано мешање (доколку сакате додадете ја оваа смеса преку цедалка, за да бидете посигурни дека нема да се направат грутчиња). Откако ќе се згусне смесата, го додаваме маргаринот, нека се стопи и овој фил го префрламе во друг сад да олади (покриен со стреч фолија, за да не фати кора).
Откако оладил овој фил, го делиме на 2 дела, во едниот го додаваме белото чоколадо (стопено на пареа и оладено), а во другиот дел го додаваме црното чоколадо (стопено на пареа и оладено). Мешаме до соединување. Сега во белиот фил ги додаваме мелените плазма бисквити, а во црниот фил ги додаваме мелените ореви, ренданите рум плочки и екстрактот од рум.
3. Редење на тортата -  Пандишпан, бел фил со плазма, пандишпан, црн фил со ореви, рум и рум плочки. Декорираме по вкус со слатка павлака.
Забелешка - Доколку сакате повисока торта, пандишпанот поделете го на 3 ленти.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани