Празниците не може да поминат без вкусен пијалок. Еве го мојот денешен предлог. По сопствена желба може да се зголеми количината на лимончелото.

Подготовка:

1. Прво работ на чашата го навлажнуваме, може со вода, со пресечен лимон или пресечен портокал. Потоа го облекуваме со кокос.
2. Ги додаваме свежиот сок од портокал, ананас и лимончело. Сервираме и консумираме.

На здравје.

Ова се состојки за 1 чаша. Зголемете ги според вашите потреби.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани