Пијалок со лимончело
Состојки
- 25мл лимончело
- 50 мл сок од свежо цеден портокал
- 50 мл сок од свежо цеден ананас
- Малку кокос за декорација на чашата.
Подготовка
Празниците не може да поминат без вкусен пијалок. Еве го мојот денешен предлог. По сопствена желба може да се зголеми количината на лимончелото.
Подготовка:
1. Прво работ на чашата го навлажнуваме, може со вода, со пресечен лимон или пресечен портокал. Потоа го облекуваме со кокос.
2. Ги додаваме свежиот сок од портокал, ананас и лимончело. Сервираме и консумираме.
На здравје.
Ова се состојки за 1 чаша. Зголемете ги според вашите потреби.