Пијалок со амарето
Вистинско уживање. Прекрасна арома и вкус. Пробајте. Често овој пијалок може да се сретне под името и Жешко злато Познавачите го ценат овој топол пијалок, со малку алкохол, поради неговите одлични својства за затоплување. Покрај тоа, позитивно влијае на имунолошкиот систем поради присуството на витамин Ц. Ова од причина што сите состојки се помешуваат на умерен оган до загревање, но не смее да проврие. Јас го обожавам ладен и ова е мојот начин на подготовка.
Подготовка:
1. Прво ги цедиме портокалите, мериме 150 мл течност, па го цедиме и лимонот.
2. Ги соединуваме амарето ликерот, сокот од лимон и портокал. Сервираме во 2 чаши. Додаваме стапче цимет, парченца свеж лимон и свеж портокали и по 1 коцка мраз.
На здравје.
Лиценца: Сите права се задржани
Fala