
9
апр
2012
Пица зелник
Се замесува тесто од брашното, квасецот, солта и вода по потреба.
Тестото се дели на 4 делови, 2 поголеми дела и 2 помали. Се сучи секоја кора, се премачкува со маргарин и се остава да постои. Потоа се сучи поголемата кора се става во подмачкан плех. Над неа рендаме од шунката и од кашкавалот. Се сучи и помалата кора и со неа се покрива поголемата кора. Краевите од големата кора ги виткаме. истото го повторуваме и со другите 2 кори. Одгоре пица зелникот се попрскува со малку масло и се печи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови