Питулици со лук и ореви
Ова се питулици со лук и ореви кои се карактеристични за битолскиот крај, и кои се прават за Бадник, можеби и во другите краеви ги прават но во мојот охридски регион не ги правиме.
Морам да признаам дека ова е втор пат кај што ги правам, ама среќна сум што на крај сепак излегоа преубави и превкусни.
1. Најпрво го сецкаме ситно лукот, и ги сецкаме ситно исто така оревите. Во тенџере на оган ставаме околу 500 мл вода да зоврие,и во неа го додаваме сецканиот лук. На намрсена тава започнуваме да ги ставаме питулиците, и тоа напрво секоја питулица ја потопуваме во течноста од врела вода и лук, ја ставаме во тепсијата, ја намрсуваме малку и додаваме од мелените ореви. Ова постапка ја повторуваме се до последната питулица.
2. Откако се спремни ги сечеме на убави парчиња, намрсуваме, и најпрво околу 20на минути ги печеме во загреана рерна со фолија, па потоа ја вадиме фолијата и продолжуваме со печење додека не добијат убава румена боја.
Сигурна сум дека нашите драги Битолчанки ќе имаат некој совет за мене , кој со драго срце ќе го применам нареден пат
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ама пак затоа после цела куќа неколку дена на лук ќе мириса.
А кога ќе ни дојдиш Битола со задоволство ќе те нагостиме, само дај боже да можиме да си организираме една средба :))))
Инаку да вкусни се многу