
10
окт
2013
Едноставна пита со јаболка
Јаболките ги лупиме, сецкаме на парчиња и ставаме на тивок оган да омекнат, по желба додаваме цимет, рум или сечкани ореви.
За тоа време замесуваме тесто, филот од јаболките го ладиме, а тестото го делиме на два дела, со сукало сукаме кора, ја ставаме во плех, одгоре редиме јаболките и пак од горе кора, со вилушка на тестото направуваме неколку дупчиња и ставаме да се пече на 180 степени околу 30 мин зависно од рерната. Готовата пита ја посипуваме со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани