Подготовка
Најпрво се пропржува кромидот во путер или масло додека да добие стаклеста боја, потоа се додава пилешкото месо исечкано на мали парчиња. Сето убаво се пропржува да испари водата која ја пушта самото пилешко месо, но не да се препржи месото.

Во тавата на едната страна се трга месото со кромидот, а на другата страна на маслото се пропржуваат зачините, кога зачините се пропржени пуштаат посебна арома која му дава вкус на јадењето. Зачини може да ставите по ваш вкус, јас погоре пишав тоа што јас употребив. Откако ќе ги ставите сите зачини промешајте убаво, се додаваат шампињоните и пиперките исечени на ленти и морковот ситно исецкан, пропржуваме да омекнат печурките. Јас сакам кога пиперките се крцкави, да се чувствуваат кога ги јадиме. На крај се додава пченката. За да се спојат сите овие состојки ставаме 1 убаво полна лажица брашно промешуваме и ја додаваме жешката вода во која претходно ја ставивме коцката супа. Примешуваме и со ова нашиот фил е готов.

Тавчето го премачкувваме со путер, ги редиме тортиљите како што е покажано подолу на сликите на средина сечиме една од тортиљите да ја пополниме дупката, па редиме моцарела, го додаваме филот, од озгора го прекриваме со кашкавал. На крај убаво ги преклопуваме тортиљите да добиеме пита. Сега ја ставаме тавата на средна температура, а горниот дел го премачкуваме со путер, околу 3 минути ја оставаме питата да добија убава златна боја , па ја превртуваме питата со помош на чинија на другата страна околу 3 минути. Ја ставаме питата во поголема чинија и уживаме во вкусот.

Како сос јас имав подготвено ситно сецкан капарн промешан во грчки јогурт со малце од водичката на капарнот