Припрема
1. Во тава на зејтин ставете да се пржи исечениот кромид во кој ќе додадете и малку вода. Откако ќе омекне и ќе почне да се пржи на зејтин (водата испарила) додадете ја зелката која исто така сте ја исекле на тенки ленти, исто така додадете малку вода и ловорот, нека динста и потоа да се пржи. Испржена тргнете настрана да олади. Во оладената пржена зелка додадете на вкус мелен или толчен бибер, едно јајце и измешајте.
2. Со вилушка изматете го лесно јајцето, додадете зејтинот и киселата вода, измешајте.
3. Земете една кора и премачкајте ја со смесата, ставете врз неа друга кора врз која ке ставете фил од пржената зелка. Замотајте во ролат, па потоа во форма на полжав. Се така додека се потрошат корите.  Редете во тавче бр.28 едно до друго. Смесата која ќе ви остане слободно истурете одозгора.
- Нека одмори 15 минути, ставете да се пече во предходно загреана рерна на 250 степени првите 10 мин. а потоа намалете ја температурата на 200 и нека се пече уште 30-40мин.
Печена покријте ја за кратко време, извадете за да не се навлаѓни одоздола, извадете на решетка - нека олади.
Совет
-Оваа пита при служењето освен тањир ништо друго не им давајте ниту на домашните ниту на гостите... кажете им дека се јаде кинејки со рака. Права гушт е....
- На зелката при пржење  јас долевам расолница наместо вода.
- Доколку зелката е солена, во смесата за премачкување нема потреба од сол.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани