Вкусна пита со праз, брза за подготовка, погодна за разни посни денови (што не е задолжително).

1. Празот се чисти и мие, се сечка и му се ставаат маслото и солта. Додаваме и малку црн бибер. Се меша и се остава половина час да омекне. Ова е трик за да не го пржите празот, а сепак да не ствара желудочни киселини (ова ми го потшепна еден бурекџија), така и го применувам дома, а ефект има.

2. Сусамот го потпекуваме на рингла во суво тавче да порумени, го ставаме во омекнатиот праз дури е жежок, ги мешаме заедно ... миризбата е прекрасна.

3. Правоаголно тавче бр. 40 го премачкуваме со масло, во чашата ги мешаме маслото и киселата вода и почнуваме со редење на корите.

4. Ја ставаме првата кора, со силиконско четче ја попрскуваме со течноста, ја ставаме втората кора и попрскуваме, па третата кора ја попрскуваме и распоредуваме 1/3 од филот со праз и сусам.

5. Така постапката ја повторуваме, значи филот го делиме на 3 дела и ставаме на секоја трета кора, и ни требаат 12 кори.

6. Сечеме на коцки и премачкуваме со остатокот од течноста. Питата ја ставаме во загреана рерна на 200 степени 25 минути.

7. Водата и солта ги зовриваме, ја вадиме питата, полеваме со водата и допекуваме уште 10 минути на 180 степени.

По желба питата направете си ја и во мрсна варијанта со состојки по избор.

(508)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани