Се надевам ќе ви се допадне оваа комбинација, јас лично многу ја сакам.

Подготовка
1. Во млакото млеко ставаме шеќер, квасец и брашно, промешуваме. Оставаме 10-15 минути да се одмори смесата.
2. Путерот го растопуваме и потоа го ставаме со прстофат сол и јајцето во смесата со квасец. Соединуваме.
3. Тиквата ја рендаме и пред да ја филуваме питата и ставаме ванилин шеќер, шеќер и мускатно оревче.
4. Афионот го соединуваме со шеќер и додаваме млеко колку да се навлажни смесата, неколку лажици.
5. Локумот го сечкаме на ситни коцкички.
6. Во огноотпорен сад или намрсено тавче редиме кори. Првите три кори ги редиме така да половините од нив излегуваат надвор од тавата, а секоја кора ја премачкуваме со смесата за премачкување кори.
7. Редиме половина од филот со тиква, па повторно неколку кори. Корите ги гужваме во тавчето и ги премачкуваме со смесата за премачкување.
8. Го распоредуваме филот од афион, па повторно истата постапка со корите, гужваме, премачкуваме.
9. Ја распоредуваме втората половина од филот со тиква и врз него ги ставаме парчињата локум.
10. Редиме пак 1-2 кори, па со корите што ни биле надвор од тавчето ја затвораме питата. Премачкуваме со остатокот од смесата за премачкување и наросуваме афион.
11. Печеме на 200 степени околу 15-20 минути или додека да ни поцрвени.

Забелешка
Ако не сакате многу слатка да ви биде питата намалете во шеќер. Сум ја подготвувала и со 120 гр шеќер и исто била многу вкусна , а умерено слатка. Ама тоа зависи и од тиквата која ќе ја употребите.
Пребројте си колку кори имате и распоредете ги подеднакво во питата.

п.с. Рецептов и го посветувам на мојата пријателка готвач во Моирецепти https://moirecepti.mk/author/saram-baram и воедно и се заблагодарувам за подарокот, огноотпорниот сад, кој ептен ми се наоѓа во кујната. Поздрав Веснич!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани