![Пита од тивичка](https://moirecepti.mk/content/uploads/2022/07/dsc_1355a-30c76f-800x678.jpg)
18
јул
2022
Пита од тивичка
Подготовка:
1. Тиквицата ја лупиме и ја рендаме. Ја цедиме од течноста.
2. Јајцата ги матиме со жица за матење. Го додаваме маслото, солта, црниот бибер, сирењето издробено на парчиња, промешуваме. Ја додаваме ренданата тиквица, овесното брашно, овесните снегулки и пецивото, промешуваме.
3. Смесата ја ставаме во сад за печење со димензии 32х20 цм. Одозгора ставаме сусам и сончоглед. Печиме во загреана рерна на 170 степени околу 40 минути.
Лиценца: Сите права се задржани