Пита мафини од готови кори
Подготовка
1. Модлите за мафини се подмачкуваат со зејтин.
2. Се издвојува една кора, со нож се исекува круг кој е поголем од отворот на самиот отвор на модлата за муфин, се поставува вака исечената кора во секоја модла.
3. Се мати со вилушка јајцето, се додава останатиот зејтин, млекото или јогуртот, пецивото, изронетото или ренданото сирење, сецканиот магданос и во сето ова додадете ги остатоците од корите, но и од преостанатите кори извадете, исечете и добро измешајте ги во смесата.
4. Наполнете со овој фил секоја од модлите, посипете со семето кое сте го вие избрале по ваш вкус. Ставете да се пече на 200 степени.
Интересни се, а и вкусни
Забелешка
- За 12 пити во форма на муфин на мене ми беа потребни само 2 кори за пита - подебели.
- Остатокот кој остана од исекувањето само го искинав и ставив во филот, но бидејки е малку од корите исто така исеков и ги ставав малку по малку цело време мешајки за да се впијат во смесата од филот, (не смеат да останат суви) се така додека не оценив дека е доволно густо.
- Круговите од кори ги вадев поставувајки една чинија која беше со поголем отвор од самиот отвор на калапот за муфин.
- Бидејки од гнездата кои предходно ги правев ми остана малку спанаќ истиот го искористив овде наместо магданос, а можете да си го направите филот и само со сирење. Користев тврдо ронето сирење и малку фета сирење - измешано.
Како и гнездата од корите и овие питки се супер за закуска доручек, а зошто пак да не и на празничната трпеза...
1 чаша - 200 мл. (1 капс)
Лиценца: Сите права се задржани
Навистина после постот ќе имам многу работа:)