Подготовка:

1. Топлото млеко со шеќерот и квасецот ги мешаме во еден подлабок сад. Брашното го додаваме просејувајќи го. Додаваме сол, зејтин, јогуртот, жолчките, ракијата и замесуваме тесто. Го покриваме со крпа и го оставаме да надојде.
2. Додека стасува тестото, во еден сад се ренда шунката и кашкавалот.
3. Кога е стасано тестото го делиме на два дела. Од секој дел расукуваме правоаголна кора и ја сечеме на 10 дела. Од секој дел со сукалото правиме мала кора отприлика 20 на 20 сантиметри. На средина ставаме од шунката и кашкавалот. Замотуваме пирошка со тоа што странично ги преклопуваме страните и замотуваме ролна. Така со сите делови.
4. Белките убаво, пенасто ги матиме. Секоја пирошка ја прпелкаме прво во изматената белка, па во презлата.
5. Пирошките ги пржиме во поголемо количество зејтин, добро загреан. При пржењето ги вртиме од сите страни. Не ја полнете тавата, оставете простор помегу пирошките, бидејќи при пржењето ќе го зголемат својот волумен.
6. Ги вадиме од тавата и ги редима на хартија за да го впијат вишокот маснотија, иако не се многу масни поради ракијата која ја додаваме во тестото.
Од оваа количина направив 20 поголеми пирошки. Најубави се топли, но вкусни се и изладени, ако останат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови