Пирошки од палачинки со блитва, полнети со кисела павлака, сирење и кашкавал
Јас подготвував малку поголема количина на поховани палачинки.
Испржив 25 палачинки, од сол, јајца, млеко, кисела вода и брашно, онака од око ги правев.
Половина тесто беа стандардни, а половина зелени палачинки.
Едните беа стандардни, полнети со кисела павлака, шунка, кашкавал.
Во остатокот од тестото, ставив бланширани, измиксани листови блитва.
Испржив палачинки на стандарден начин, но беа со убава зелена боја.
На секоја палачинка ставив по 1 лажица кисела павлака, стапче сирење, стапче кашкавал.
Ги заролав како сарми, прво краевите навнатре ги ставив па завиткав.
Секое парче го валкав во брашно, јајце и соединети презла и сусам.
Ги пржев на умерено загреано масло.
Ги наредив на хартиени салфети, да одстојат 10 минути, па ги сервирав.
Лиценца: Сите права се задржани