Пире од моркови и компири
1. Излупете ги измиените моркови и компири.
2. Исечкајте ги на ситни коцкички.
3. Морковите и компирите оставете ги да се сварат на тивок оган се додека не омекнат. Препорачувам да користите сад со дупчиња, за да се варат на пареа.
4. Откако ќе омекнат, згмечете ги во форма на пире и одозгора ставете неколку ливчиња рузмарин
5. Пирето од моркови и компири претурете го во сад и оставете го да се пече во рерна 1 час на 200 степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови