Меко и сочно...што велиме ние и Моќно

1. Сенфот, солта, вегетата и биберот измешајте ги.
2. Со добиената смеса премачкајте го целото пиле
3. Спремете го во кеса, фолијата, затворете ја и ставете во тавче, па во рерната на тивко нека се печи. Кога ќе биде печено, ќе познаете, фолијата е прозирна, кога ќе забележите дека е заруменето - готово е.
4. Внимателно отворете ја кесата и префрлете на тањир.
Толку е кратко и јасно, а имате прекрасно печено пиле, меко, сочно, вкусно.

ЗАБЕЛЕШКА
- Не се става ништо друго од она погоре напишаното. Фолија кога пишувам мислам на кесите во кои се овозможува да месото ги пушти сите свои сокови, сенфот кќе ја одигра улогата своја и за мекоста на месото и за вкусот.
- Јас кесата со ножица ја исечам на средината и го извадам месото, а секако дека не пропуштам да го исцедам и сосот кој при печењето се направил, тој е посебно вкусен.
- Вака можете да спремате и батаците и карабатаците....
- Треба навистина на тивок оган да го печете за да го добиете токму она што јас ви предлагам.
Денес сервирано со рижото...
Бон Апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани