Рерната вклучете ја на 190 степени.
- Наредете ги пилешките бутови во тавата во која ќе ги печете, посипете со сол од двете страни. Наредете ги така да има место каде до нив и меѓу нив да се сместат доматите.
- Доматите измешајте ги со излупените чешниња лук, оцетот и маслото. Ако се поедри доматчињата исечете ги на половина, ако се сечени свртете ги со пресекот надолу, ставете го лукот меѓу нив, додадете гранчињата рузмарин..посипете одозгора до мешавината од оцетот и маслото, ставете да се печат околу 45 мин. односно додека се потече месото и добие браонкаста боја.
- Извадете и служете со ориз, тестенина, пире - односно како ви одговара.
- Можете да направи сос од доматите така што откако ке извадите во тањирите од месото - со лажица рамачкајте ги и измешајте целата содржина во тавката.. одличен сос добивате.
Нека ви е на здравје,
НАПОМЕНА
- Доколку користите сув рузмарин - тогаш ставете го заедно со доматите, лукот, оцетот и маслото, измешајте.
- За мене карабатак е делот над копанот... но јас од ова младо бројлерче ставив баш заедно со копанот.
-

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани