10
сеп
2015
Сочно пилешко со рузмарин и прелив од брокула
Се мијат пилешките гради се ставаат во солена вода да одстојат минимум 15минути (максимум 6 саати). На страна се меша сенфот со маслото и медот. Секое парче се премачкува со смесата од двете страни. Се реди во намрсено тавче. Одозогора се наросува лук во прав, пармезан, рузмарин, мешан зачин, црн бибер, сол. Се печат во загреана рерна на 250 степени 20 тина минути. Пред да се сечи месото се остава потполно да се излади.
Прелив од брокула:
Се вари кратко брокулата, се остава потполно да се излади и во пластичен сад се става брокулата заедно со другите состојки и со рачен блендер се бледнира додека не се добие хомогена смеса.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови